ЖОЗЕ МУРИЊО ЈА ПРЕЗЕМА БАРСЕЛОНА !? Шпанците објавија договор кој ќе одекне низ фудбалскиот свет

Жозе Мурињо доби отказ од Рома, на која по 15 години и го донесе трофејот со освојувањето на премиерното издание на Конференциската лига. Португалецот претрпе пораз од 3:1 од Милан на „Сан Сиро“, а откако доби отказ, со солзи во очите ги напушти клупските простории.

Сепак, најверојатно тој нема уште долго да бара нова работа, а шпанските медиуми дури најавуваат сензационален расплет од целата ситуација. El Nacional пишува дека Жозе Мурињо би можел да ја преземе Барселона.

Иако претходно седеше на клупата на Реал Мадрид, неговиот агент Жорге Мендеш наводно го предложил на Барселона и нејзиниот претседател Жоан Лапорта со кои има одлични односи. Шпанците пишуваат дека Чави е пред отказ откако загуби со 4:1 во Ел Класико во финалето на шпанскиот Супер Куп, а наводно ја загубил и довербата во соблекувалната.

Жорге Мендеш ја искористи разнишаната ситуација во Барселона и Жоан Лапорта истакна дека Жозе Мурињо е подготвен веднаш да зачекори на позицијата главен тренер во случај Чави навистина да добие отказ. Ова би била сензационална работа на Каталонците која навистина би одекнала во светот на фудбалот.

БарселонаЖозе МурињоРомафудбал