Оваа жена и беше преку глава!
Непослушните соседи со своите забави цела ноќ ја држеле будна Хедер Миншул (37), како и нејзиниот сопруг и двете деца кои уживале на одморот во Велс.
Таа ги замолила младите соседи да ги намалат песните на Битлси кои гласно ги свират во соседната куќа, но тие, се разбира, како и повеќето млади луѓе во такви ситуации, целосно ја отфрлија.
Така Хедер смислила начин да им се оддолжи за непроспиената ноќ.
Фрлала леб на покривот од куќата и на тој начин привлекла гласни галеби кои во седум часот наутро ги разбудиле палавите соседи мамурни, а сето тоа го снимила за TikTok.
– Ги замолив да ја намалат музиката, но не го направија тоа и тоа траеше со часови. Дали направив грешка? Мислам дека не, рече Хедер во видеото објавено на TikTok.