Забележани руски и кинески бомбардери: Америка итно испрати ловци да ги пресретнат

Американско-канадската северноамериканска воздушна одбранбена команда (НОРАД) објави дека во близина на Алјаска биле откриени два руски и два кинески воени авиони.

Авионите биле во меѓународниот воздушен простор и не се гледале како закана.

Американски и канадски воени авиони во средата пресретнаа два руски и два кинески воени авиони кои оперираат во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.

Заедничката американско-канадска северноамериканска воздушна одбранбена команда (НОРАД) објави на социјалната мрежа Х:

„НОРАД откри, следеше и пресретна два руски воени авиони ТУ-95 и два воени авиони Х-6 на НР Кина кои оперираат во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.