Доколку сте љубители на варено вино, дефинитивно треба да пробате варен џин. Многу лесно се подготвува, а ќе ве воодушеви со својот мирис и вкус.Варениот џин одлично ќе се вклопи во атмосферата и мирисите на новогодишните празници.
Состојките што ќе ви бидат потребни се:
- 500 милилитри џин
- еден литар сок од јаболко
- сок од еден лимон
- сок од еден портокал
- неколку парчиња лимон, портокал и јаболко
- зачини (стапчиња цимет, неколку каранфилчиња, анасон)
- мед или гранулиран шеќер по желбa
Подготовка:
Во тенџере на тивок оган загрејте го сокот од јаболко и додадете ги зачините. Можете да користите цимет, каранфилче и звезден анасон, а можете да комбинирате и други слични зачини како ѓумбир.
Додека се загрева сокот од јаболко, исцедете еден лимон и еден портокал и додадете ги во тавата. За тоа време, исечете неколку парчиња лимон, портокал и јаболко (по можност јаболка од баби-смит).
Додадете ги овошните парчиња, истурете го џинот и кратко измешајте. Џинот не смее да зоврие, затоа се потребни само неколку минути за да се загрее се. По желба додадете мед или шеќер и послужете додека е уште топло. Можете исто така да додадете некои други видови овошје како боровинки.