Заборавете на радијаторите, шведските плочки се иднината и заштедата за вашиот дом

Шведската компанија „Solar Tech“ разви уникатен систем за загревање на куќата, кој се состои од плочки направени од обично проѕирно стакло.

Феноменалните плочки му даваат на покривот многу убав изглед.

Она што ги прави толку посебни и ги издвојува на пазарот се плочките направени од обично стакло и имаат приближно иста тежина како оние од глина.

Овој систем не загрева вода или вакуумски цевки, туку чист воздух.

Стаклените плочки се поставени на црниот најлонски слој под кој се поставени воздушните џебови.

Црната боја ја впива топлината на сонцето и воздухот почнува да циркулира, пренесува Телеграф.

Топлиот воздух се користи за загревање на водата, додека овој систем е поврзан со системот за греење во домаќинството преку топлински акумулатори.

Убавината на системот е што ги намалува трошоците за енергија во текот на годината, дури и кога има мрачни денови и ноќи, благодарение на способноста да се таложи топлина во изолационите слоеви под црниот слој.