Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека во таа земја ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години во рок од „неколку месеци“ ако тоа не се направи на ниво на Европската Унија, пишува „Евроњуз“.
„Мора да ги забраниме социјалните медиуми за лицата под 15 години“, изјави Макрон за јавниот радиодифузен сервис Франс 2 откако 14-годишен ученик избоде член на училишниот персонал на влезот во средно училиште во Ножен.
„Едвај чекаме“
„Ни давам неколку месеци да започнеме европска иницијатива. Во спротивно… ќе почнеме да ја спроведуваме во Франција. Едвај чекаме“, рече тој.
Ученик смртоносно избодел член на училишниот персонал за време на рутинска проверка на багаж во основно училиште во источна Франција, потврдија официјални лица. Тинејџерот бил уапсен на местото на настанот.
Полицискиот службеник кој помагал при проверката на чантите бил полесно повреден при апсењето на осомничениот, кој го користел истиот нож во двата напади, според Националната полиција. Како што пишува
„Еуроњуз“ , не е јасно дали нападот е поврзан со нешто што студентот го видел на социјалните мрежи.