Apple ја суспендираше продажбата на паметните часовници Серија 9 и Ултра 2 поради спор за патент со компанијата за медицинска технологија Masimo.
Спорот се однесува на сензорот за кислород во крвта пронајден во двата часовници на Apple. Американскиот претседател Џо Бајден не стави вето на одлуката на американската меѓународна трговска комисија (ITC), која претходно оваа година објави дека Apple направил прекршување, пренесува CNN.
Канцеларијата на американската трговска претставничка Кетрин Таи потврди дека Белата куќа нема да се спротивстави на одлуката на ИТЦ. Таи реши „по внимателно разгледување“ да не става вето, па на 26 декември одлуката на Меѓународната трговска комисија стана конечна.