Владата на Папуа Нова Гвинеја ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук, опишувајќи ја како „тест“ за ублажување на говорот на омраза, дезинформациите, порнографијата и „другите штетни содржини“.
естот, спроведен според антитерористичките закони во земјата, започна вчера наутро и продолжи денеска, пренесува ABC.
Корисниците на Фејсбук во земјата не можеа да се логираат на платформата и не е јасно колку долго ќе трае забраната. Потегот на власта не беше најавен пред вчерашниот „тест“ – кој опозициските пратеници и лидерите на медиумите го оценија како „тиранија“ и „кршење на човековите права“.
Во изјавата, министерот за полиција на Папуа Нова Гвинеја, Питер Цијамалили, рече дека иницијативата е да се обезбеди „одговорна употреба“ на социјалните мрежи како Фејсбук, додека „штетната содржина“ ќе се држи надвор од јавниот дискурс.
„Сепак, неконтролираното ширење на лажни вести, говор на омраза, порнографија, детска експлоатација и поттикнување насилство на платформи како Фејсбук е неприфатливо. Овие предизвици се повеќе ја загрозуваат безбедноста, достоинството и благосостојбата на нашето население.
Половина од интернет корисниците користат Фејсбук
Фејсбук е убедливо најпопуларната социјална мрежа во земјата, со околу 1,3 милиони корисници, или околу половина од проценетите 2,6 милиони корисници на интернет во земјата. За споредба, Инстаграм има околу 106.000 корисници.
PNG government “testing” controls over facebook @Meta in PNG. Blackout, blanket suppression. This is stuff dictators do. pic.twitter.com/p1vd9NJZ3S
— MICHAEL KABUNI (@miqurlkabuni) March 24, 2025
Платформата е клучна алатка за јавниот дискурс во земјата, со многу активни форуми кои се користат за да се дискутира за политиката и социјалните прашања на Папуа Нова Гвинеја. Сепак, владата беше многу критичен кон Фејсбук, честопати обвинувајќи ја платформата за ширење дезинформации, особено во светлината на неодамнешниот бран на племенски убиства во земјата, според ABC.
Таа долго време се закануваше дека ќе преземе мерки против Фејсбук, откако објави парламентарна истрага за „дезинформации во медиумите“ во 2023 година.
„Влегуваме на опасна територија“
Забраната предизвика жестока реакција во Папуа Нова Гвинеја, при што претседателот на Медиумскиот одбор на Папуа Нова Гвинеја, Невил Чои, изјави за локалниот весник Post-Courier дека потегот „се граничи со политичка автократија и кршење на човековите права“.
Опозицискиот пратеник на Папуа Нова Гвинеја, Алан Бирд, го опиша потегот како „драконски“. „Вчера министерот за полиција ги искористи антитерористичките закони за да го затвори Фејсбук, тоа беше само тест, тоа беше првиот чекор“, рече тој.
„Нема ограничувања на овластувањата што може да ги врши министерот за полиција според овој нов закон. Тоа е драконски закон дизајниран да ни ги одземе слободите. Сега влегуваме на опасна територија и сите се немоќни да ја запрат оваа тиранија.
Одделот за комуникации не бил свесен за тестот
Како дополнителна компликација, Националната управа за информатичка и комуникациска технологија на Папуа Нова Гвинеја синоќа откри дека не знаела за плановите на владата, и покрај тврдењето на министерот за полиција дека одделот го поддржал потегот.
Папуа Нова Гвинеја не е првата земја од Пацификот што тргна по патот на забрана на Фејсбук. Во 2021 година, соседните Соломонски Острови – под водство на поранешниот премиер Манасех Согаваре – воведоа планови за забрана на Фејсбук, но подоцна се повлече по негодувањето на јавноста.