Загриженост за ширењето на конфликтот во земја на НАТО, Романија ја зголемува одбраната во близина на границата со Украина

Романија, наводно, ја зголемува својата одбрана во близина на дунавските села на границата со Украина, каде руските беспилотни летала завршија во постројки за жито.

Плановите, наводно, вклучуваат внесување на противвоздушна одбрана, додавање воени набљудувачки пунктови и проширување на патролите, според два извори цитирани од Ројтерс.

Романија, исто така, распореди уште четири (американски) борбени авиони Ф-16 и ја прошири зоната на забранети летови.

Овие активности ја одразуваат зголемената загриженост во Романија и НАТО за можното прелевање на украинскиот конфликт на нивна територија.

Неодамнешниот фокус на Москва на украинските пристаништа и магацини долж Дунав, особено оние во близина на романска почва, како што се Измаил и Рени, очигледно ги зголеми овие тензии.

Изолираните инциденти со слетување на делови од дронови во Романија го нагласуваат ризикот од недоразбирање, или уште полошо, меѓу Русија и НАТО, што ги натера романските вооружени сили да ја зголемат безбедноста во областа за да ги заштитат цивилите, велат двата извори.

Ова не е прв пат руска ракета да предизвика безбедносен страв – минатата година руска ракета падна во јужна Полска, при што загинаа две лица.