Музичката ѕвезда и најголемата модна икона на овие простори, Јелена Карлеуша, ги сподели кадрите направени на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
Минатата недела, на 28 јули, Јелена Карлеуша одржа два концерта во ист ден. Најпознатата музичка ѕвезда на овие простори најпрвин настапи во Република Српска, со цел да ја приведе вечерта до крај пред црногорската публика.
Турнејата на поп дивата продолжува, па таа денеска, 31 јули, со приватен авион отпатува за Будва, каде што вечерва ќе ја забавува својата бројна публика.
За таа прилика ЈК носеше хеланки и горен дел, а својот стајлинг го заокружи со очила Версаче и чанта Жаксмус.
„Мала од скандала“ преку социјалната мрежа Инстаграм ги сподели снимките направени на пистата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а коментарите под објавата следеа еден по друг.
„Нема посилна риба додека не се клонира“, „МаЈКо колку си моќен“, „Супериорен, убав задник“, „Волшебно тело“, „Тело на божица“, „Најубавата жена во Србија“, беа. само неколку.