Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на насобраните луѓе на отворањето на Вториот меѓународен саем за вино Визија на отворениот Балкан.
– Можеме да потврдиме дека имаме силни врски, кои се голем поттик за нашите економии – рече тој и наброја дел од заедничките проекти.
– Заедно одиме кон европскиот пат и тоа го направивме сами, без никој да ни помогне – рече Ковачевски.
– Многу е значаен и придонесот за создавање на единствен пазар на Западен Балкан, а со тоа и поврзување со европскиот пазар. Заедно направивме подобар резултат – рече тој и додаде дека преку иницијативата на Отворен Балкан веќе гледаме јасни бројки кои ги покажуваат придобивките што ги донесе оваа иницијатива.