Закана за бомба поставена на аеродромот во Софија, патниците евакуирани 

 Специјална полициска операција е во тек на софискиот аеродром поради дојава за бомба, јавуваат софиските медиуми.

Од патниците и посетителите на двата терминали е побарано веднаш да ги напуштат зградите и да го чекаат крајот на полициската акција. Заканата за бомба на тој аеродром била примена околу 08:30 часот по локално време.