Европа е зависна од кинеските лекови, а доколку синџирот на снабдување биде прекинат поради криза или конфликт, ситуацијата ќе биде критична.
Европската стабилност е многу загрозена од Кина, но аспект за кој многумина не размислувале е медицината, предупреди директорот на чешката безбедносна информативна служба, Микал Куделка.
„Политичарите не треба да прават грешки како што правеа во минатото и да ја минимизираат важноста на безбедносните аларми како што беше случајот со Русија. Моментално постои закана од Кина, поради масовното производство на лекови во таа земја. Не смееме да замислиме што би се случило“, ако Кина престане да произведува лекови за Европа поради меѓународна криза или конфликт“, предупреди Куделка во чешкиот парламент.
Во март, Европската комисија треба да ја претстави долгоочекуваната фармацевтска стратегија на ЕУ, чија цел е да ја заживее фармацевтската индустрија во Европа.
Во моментов, Европа се соочува со недостиг на антибиотици и други лекови, што предизвикува главоболки и кај владите и кај пациентите. Една од причините за недостигот е прекинот на синџирот на снабдување од Кина, објави неодамна Чешката фармацевтска комора.
Низ Европа недостигаат лекови против болки и треска чии активни состојки се парацетамол и ибупрофен, а во аптеките има многу малку антибиотици и лекови за деца. Претставник на француските владини медиуми во јануари изјави за EURACTIV дека Европа не смее да остане зависна од Азија кога станува збор за лекови, туку мора да го зголеми сопственото производство.