Повеќе граѓани се пожалија дека кон средношколците имало закани од страна на директорите дека нема да се толерираат изостаноци и насока „Облечете униформи, од утре да не ве гледаме во црно„.


Социјалните мрежи вријат, граѓани на Прилеп на Фејсбук и Инстаграм објавуваат за притисоци кон учениците низ училиштата во Прилеп во врска со вчерашниот мирен собир во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.