Цукерберг: Елон Маск не е сериозен за борбата во кафез

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, истакна дека Илон Маск, сопственикот на X, претходно познат како Твитер, не е сериозен во врска со одржувањето „тепачка во кафез“.

Во објавата на Тредс, платформа за дигитални социјални медиуми лансирана на 5 јули како конкурент на X,Цукерберг рече дека му понудил на Маск „вистински датум“ за борбата.

„Мислам дека сите можеме да се согласиме дека Илон не е сериозен и дека е време да продолжиме понатаму. Понудив вистински датум… Илон не потврдува датум, потоа вели дека му треба операција, а сега наместо тоа бара да има тренинг во мојот двор“, рече тој.

Како одговор, Маск возврати на платформата Х, нарекувајќи го Цукерберг „плашливец“.

Маск првично ја изрази својата подготвеност борбата да се одржи колку што е можно поскоро.

Маск го предизвика Цукерберг на борба по вестите дека извршниот директор на Мета ќе лансира социјална мрежа слична на Твитер. На 22 јуни Цукерберг објави дека ја прифатил понудата за „тепачка во кафез“.

Основачот на Тесла, исто така, изјави дека е во разговори со италијанските власти и тие се договориле за „епска локација“ за борбата чии приходи ќе одат за ветераните и педијатриските болници во Италија.