Законот за заштита на децата, утре повторно на пленарна седница

Законот за заштита на децата утре повторно ќе се најде на пленарна седница. Овој закон доаѓа по вторпат, бидејќи првиот пат не беше донесен од претседателката Гордана Силјановска Давкова со образложение дека членовите 9 и 10 не се усогласени според член 5 од Уставот. Заменикот од редовите на ВЛЕН, Халил Снопче, за Алсат најави дека лиценците за дневници ќе бидат достапни и на албански јазик.

„Нема да додаваме други амандмани затоа што имаше уставна пречка, таа е средена, но она што е загарантирано, што во минатото не беше и сега е, Албанците ќе полагаат и писмено и електронски, на мајчин албански јазик.“, рече Халил Снопче од ВЛЕН.

Покрај македонскиот и албанскиот јазик, лиценцата ќе биде достапна и на други јазици, односно на јазикот што кандидатот ќе го побара.

„Тестот може да се направи на македонски јазик како и на јазикот што кандидатот ќе го избере, додека лиценцата ќе се издава на македонски јазик и на јазикот што кандидатот ќе побара да му се издаде. Разликата е во тоа што овојпат измените се во согласност со уставот бидејќи минатиот пат погрешија и не дозволуваа употреба на ниту еден јазик, односно законот како што беше донесен беше целосно неспроведлив. Со овие измени ќе биде применлив во пракса“, рече Бојан Стојановски – ВМРО-ДПМНЕ.

Овој закон првично беше изгласан на 24 декември. Недонесувањето на овој закон првпат го поздравија СДСМ и Левица, додека од ДУИ велат дека намерата на претседателот била да ги прекрши правата на Албанците.