Во понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства.
Исто така, на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.
За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.
Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се министерство за економија и труд, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, министерство за социјална политика, демографија и млади, министерство за спорт, министерство за култура и туризам, како и министерство за дигитална трансформација.