Јелена како и секогаш беше без влакна на јазикот.
Поп дивата Јелена Карлеуша го нападна Харис Џиновиќ поради неговите изјави за Мелина Џиновиќ, сега веќе негова бивша сопруга.
Пејачката е шокирана од фактот што нејзиниот колега повикал полиција поради неговата сопруга која ги родила неговите две деца.
– Викаш полиција за жената која ти ги роди двете деца и те трпи две децении! Искрено, мене ми се е*е и за тебе и за неа и за сите вас, ама брате, замараш веќе со ова брукање! Биди машко и не се*и повеќе јавно! Што им е на овие мажи??? Не е ни чудо што жените ги изневеруваат и ги оставаат!!! – беше брутална Карлеуша.
Да потсетиме, јавноста беше изненадена откако беше откриено дека Мелина и Харис се разведуваат. И двајцата на почетокот не се огласуваа, креаторката остана доследена, додека пејачот постојано изнесуваше валкани алишта од нивниот брак и врска и наиде на големи критики од јавноста.