Поранешниот пратеник и основач на партијата Алтернатива, сега независен пратеник Скендер Реџепи-Зејд ќе гласа за реформа на Владата. Тој во изјава за Индекс.мк вели дека во принцип е за, но има и одредени забелешки и услови.
„Во принцип ја поддржувам реконструкцијата на Владата. Сум имал и имам мои забелешки кон Владата и претходно и што треба да дојде, но моите забелешки ќе ви ги кажам во иднина, а врз основа на околностите ќе разговарам и за мојата позиција и владејачката одговорност во мнозинството“, изјави Реџепи.
Седницата за гласање на новата Влада е закажана за 13 февруари (понеделник) со почеток во 15:00 часот.