Рускиот олигарх Олег Дерипаска денес оцени дека Русија ги надминала санкциите наметнати од Запад поради војната во Украина и предупреди дека надежите на Запад дека ваквите застарени методи можат да придонесат за завршување на војната или за иницирање промена на режимот се осудени на неуспех.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја подготви руската економија од 2,1 трилиони долари за долга војна во Украина и постојано нагласува дека војната нема да ја осакати руската економија, која се очекува да порасне за 2,8 отсто оваа година и 2,8 отсто следната година.
„Западните проекции дека санкциите ќе предизвикаат брза економска криза во Русија се покажаа неточни бидејќи Русија е втор најголем извозник на нафта во светот и без никакви проблеми ја продава својата нафта на светските пазари, а во исто време тргува со Кина и некои други земји цветаат“, изјавил Олег Дерипаска.
„Бев изненаден што приватниот бизнис беше толку флексибилен, а пред тоа бев горе-долу сигурен дека до 30 отсто од руската економија ќе пропадне. Сепак, тоа беше многу помалку“, изјавил 55-годишниот Олег Дерипаска на новинар на Financial Times
Олег Дерипаска додал дека огромното богатство на природни ресурси на Русија е премногу привлечно за многумина – вклучително и Кина и други земји – кои никогаш не се откажале од трговијата со Русија, иако Запад се надевал дека санкциите ќе успеат да предизвикаат пад на руското државно раководство.