Запалени неколку автомобили ,,Тесла” во Германија: Дали ова има политичка позадина!?

Непознати сторители запалиле четири автомобили Тесла во Берлин ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Полицијата смета дека се работи за дела со политичка заднина.

„Четири автомобили „Тесла“ целосно изгореа во различни делови на Берлин во текот на ноќта. Оштетени се и пет возила во движење”, се вели во соопштението на полицијата.

Со оглед на тоа дека станува збор за веројатни криминални дела со политичка заднина, истрагата ја презеде Провинциската канцеларија за борба против криминалот.

Критиките на сметка на сопственикот на Teсла, Илон Маск, се засилија по почетокот на блиската соработка со американскиот претседател Доналд Трамп.

Фабриката на Маск во близина на Берлин претходно беше на удар на активисти поради загриженоста дека изградбата на фабриката може да влијае на еколошкиот систем, особено на снабдувањето со вода во областа југоисточно од Берлин.

По контроверзните јавни настапи на Маск, вклучително и неговата поддршка за десничарската Алтернатива за Германија (AfD) и мешањето во предизборната кампања во Германија, Маск доживеа голем пад на неговиот јавен углед, што резултираше со драстично намалување на продажбата на неговите автомобили во Германија.

Подметнати пожари на автомобили на Тесла се пријавени и во САД.