Царинската управа соопштува дека на граничниот премин Деве Баир, односно на излез од земјата, во автобус што сообраќал на релација Скопјe-Истанбул биле запленети 160 штеки цигари.
„Обидот за шверц на 160 штеки цигари е откриен при преглед на автобус што сообраќал на релација Скопјe – Истанбул – Скопјe, на излез од земјата на граничниот премин Деве Баир“, соопшти Царинската управа, без да даде дополнителни информации.