Барселона го обезбеди потписот на суперталентираниот напаѓач Руни Бардџи од Копенхаген, објави Фабрицио Романо.
Шведското чудо од дете Бардги (19) ќе стане нов играч на Барселона на почетокот на јули, а десното крило ќе пристигне на „Камп Ноу“ за само 2 милиони евра плус одредени бонуси.
Бардгџи, кој е роден во Кувајт, покрај шведското, има и сириско државјанство, а како 15-годишник ја избра Шведска прифаќајќи покана за селекцијата до 17 години, за која постигна 5 гола на 6 натпревари.
На само 16 години, тој играше за селекцијата на Шведска до 21 година и постигна 2 гола на 9 натпревари, а веќе е сериозен кандидат за деби во сениорската репрезентација.
Тој пристигна во Копенхаген во 2020 година и оттогаш постигна 15 гола на 82 настапи во сите натпреварувања, а треба да ѝ се придружи на Барселона уште на почетокот на подготовките за претстојната сезона.