ЗАПОРОЖЕ ПОД ОГАН, КИЕВ ГОРИ! Русите ја уништија украинската инфраструктура, 6 лица загинаа

Според Зеленски, пожари избувнале во Запорожје, а куќи биле погодени во Киев.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека најмалку шест лица се убиени во руски напади врз украинската енергетска инфраструктура и станбени згради и дека руските изјави за дипломатија не значат ништо сè додека руското раководство не почувствува сериозни проблеми, што, како што вели тој, може да се постигне само со санкции, оружје со долг дострел и координирана дипломатија на сите украински партнери.

„Уште една ноќ што покажува дека Русија не чувствува доволен притисок поради продолжувањето на војната. Нашите сили за воздушна одбрана, мобилни групи и екипи за пресретнување беспилотни летала работеа цела ноќ и утро. Обичните градови беа под оган, првенствено нашата енергетска инфраструктура, но беа погодени и многу станбени згради“, напиша Зеленски на платформата X.

Според него, пожари избувнале во Запорожје, а куќи биле погодени во Киев.

„Нападнати се областите Киев, Одеса, Чернигов, Днепар, Кировоград, Полтава, Виница, Запорожје, Черкаси и Суми. Според досегашните податоци, повредени се 17 лица. За жал, шест лица загинаа, меѓу кои и две деца. Изразувам сочувство до нивните семејства и роднини“, рече Зеленски.

Тој изјави дека руските зборови за дипломатија не значат ништо сè додека руското раководство не почувствува сериозни проблеми, а тоа може да се постигне само со санкции, оружје со долг дострел и координирана дипломатија на сите украински партнери.

„Крајно време е Европската Унија да усвои силен пакет санкции. Исто така, сметаме на решителни санкции од Соединетите Американски Држави и земјите од Г7, како и од сите оние кои се залагаат за мир. Многу е важно светот да не молчи сега и да има единствен одговор на подмолните руски напади“, нагласи Зеленски.

Тој рече дека секој што сега ѝ помага на Украина со системи за воздушна одбрана и ракети за тие системи, штити животи.

Благодарни сме за тоа. И секој што ѝ помага на Украина со оружје со долг дострел ќе го приближи крајот на војната“, рече Зеленски.

Како што претходно изјави шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, две лица загинаа во областа Дњепарк во Киев во напад со беспилотно летало што предизвика пожар во солитер на 8-ми и 9-ти кат.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека пожарот е локализиран, дека сите служби за итни случаи се на терен и дека 10 лица се спасени, објави Укринформ.

Според градоначалникот, службите за итни случаи интервенирале и во населбата Дарница, каде што избувнал пожар во зграда која не е наменета за домување.