Во Основниот суд во Куманово започна истрагата која треба да ги покаже причините за пожарот што избувна завчера.
„Надзорот ќе го врши основниот јавен обвинител од Скопје, ќе учествуваме и јас обвинител од Куманово, надзорна екипа од СВР Куманово заедно со форензичар од Скопје, електроинженер и противпожарен инспектор. По завршувањето на истрагата ќе ја информираме јавноста“, изјави шефицата на кумановското обвинителство, Теута Бедиу Рамадани.
Претседателката на Основниот суд Куманово Снежана Манев рече дека очекува истрагата да ја покаже причината за пожарот.
„По завршувањето на истрагата ќе започне уредувањето на подрумските простори. Дотогаш итни случаи ќе се решаваат во Кривичниот суд во Скопје по налог на Судскиот совет и Министерството за правда“, изјави Манев.