Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Русија почнала да распоредува нуклеарно оружје во неговата земја, со што ја конкретизирал најавата на претседателот Владимир Путин дадена во март за распоредувањето на тоа оружје.
,,Распоредувањето на нуклеарното оружје веќе започна“, рече Лукашенко.
Денеска Русија и Белорусија потпишаа договор за официјализирање на процедурата за распоредување на руско нуклеарно оружје на белоруска територија, за што претходно се договорија лидерите на двете земји.
Москва ќе има контрола над руското нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.
Рускиот претседател Владимир Путин во март изјави дека Москва планира да распореди тактичко нуклеарно оружје со релативно краток дострел во Белорусија, на што Лукашенко наскоро се согласи.