Жестоки судири во спорниот регион Карабах
Поранешен висок функционер во администрацијата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах денеска изјави дека речиси 100 луѓе биле убиени, а стотици други биле повредени во отцепениот регион откако Азербејџан започна, како што рече, „голема војна“.
„Ова е голема војна – Азербејџан започна целосна операција“, изјави од Карабах, Рубен Вардањан, поранешен шеф на владата на отцепениот регион.
Тој рече дека азербејџанските сили ја продолжиле воената операција во текот на ноќта и денеска.
Азербејџан ги отфрли обвинувањата дека неговата цел е етничко чистење на Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на ерменските цивили во областа според сопствениот устав.