ЗАПОЧНУВА ГОЛЕМА НУКЛЕАРНА ВЕЖБА НА НАТО – Авионите ќе летаат над Балканот: Пристигнуваат американски стратешки бомбардери – ова е акциониот план

НАТО денес ја започна својата редовна нуклеарна вежба наречена „Steadfast Noon“, која ќе опфати тренажни летови над јужна Европа, со учество на импресивни 60 авиони.

Овие маневри обединуваат 13 сојузнички земји и ги вклучуваат и американските бомбардери B-52 од Соединетите Американски Држави.

НАТО истакна дека летовите оваа година ќе минуваат низ Хрватска, Италија и Средоземното Море. Вклучени се различни типови на авиони, вклучувајќи конвенционални млазни авиони, авиони за надзор и специјалистички авиони за полнење гориво.

Генералниот секретар на НАТОЈенс Столтенберг, го коментираше почетокот на вежбата и ја истакна нејзината цел.

Нашата вежба ќе помогне да се обезбеди кредибилитет, ефективност и безбедност на нашето нуклеарно одвраќање. Со ова се испраќа јасна порака дека НАТО ќе ги заштити и брани сите сојузници“, вели Јенс Столтенберг.

Важно е да се напомене дека во вежбата ќе бидат вклучени борбени авиони способни да носат нуклеарни боеви глави, но овојпат нема да се користат вистински нуклеарни бомби.

Вежбата не е поврзана со тековните настани и голем дел од обуката се одвива на најмалку 1.000 километри од границите на Русија.

Стратешкиот концепт на НАТО јасно дефинира дека главната цел на нуклеарните капацитети на НАТО е зачувување на мирот, спречување на принуда и одвраќање на агресија“, посочуваат од НАТО.

Според официјалниот план, вежбите ќе траат до 26. октомври.

воена вежбаИталијаЈенс СтолтенбергНАТОСредоземно МореХрватска