За прв пат во историјата се организира Европско првенство во секс! Домаќин е Шведска, а на сцената ќе има 20 учесници, а се почнува на 8. јуни и трае два месеци. Ако се прашувате каква врска има ова со спортот – во Шведска ова го водат како спорт!
Имаат дури и Шведската федерација за секс, која е официјална спортска асоцијација, која организира натпревари во својата област.
Сега отидоа чекор понатаму, па дури и го организираа Европското првенство. По десет мажи и жени ќе се борат во 16 дисциплини под будното око на судиите да соберат што повеќе поени и да стигнат до медал.
Сите овие дисциплини и она што ќе се работи во нив се застапени од повеќе експерти
Северна Македонија нема претставник на ЕП, а што се однесува до регионот ќе има една дама која доаѓа од Хрватска. Таа земја ќе ја претставува Марија Задравец (27 г.). Таа очекува на претстојниот натпревар да се претстави во најдобро можно светло, објавуваат хрватските медиуми.
„За првите три места има богата награда, но точните суми засега не можам да ги кажам. Медал ќе добијат и најдобрите. Швеѓаните интимната врска ја сметаат за спорт… Исто така, победникот на натпреварот оди директно на Светското првенство“, изјавила Марија Задравец.
Погледнете ја нејзината облека за овој натпревар. Интересно го споменува и Балканот, што значи дека сака да се бори за целиот регион.
Погледнете ја Марија Здравец ОВДЕ.
Инаку, првиот човек на Шведската федерација за секс е Србин – Драган Братиќ! Тој е задолжен и за организацијата на претстојното големо натпреварување кое привлекува големо внимание.
„Има огромен интерес за овој натпревар во многу земји! Ќе биде забавно да се види кој е европски шампион во секс“, изјавил тој во пресрет на првенството.