Министерството за здравство соопштува дека од денеска преку веб-страницата vaccinia.mk , на веб-страницата vaccinia.mk започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за различни возрасни групи.
Со цел да се заштити поголем број лица од сезонскиот грип, Министерството за здравство годинава ја зголеми количината на набавени вакцини, односно набави 60 илјади дози од четири типа вакцини за сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.
Бесплатната вакцинација ќе ги опфати следните ризични групи:
Стари лица (над 65 години)
Лица со хронични заболувања
Здравствени работници
Бремени жени
Деца од 6 месеци до 5 години
Лица сместени во установи за социјална заштита за стари лица и лица вработени во установи за социјална заштита за стари лица.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција од грип, со што се спречува појава на потешки форми, компликации и смрт, особено кај ризичните групи. Со пополнување на апликацијата се пријавувате за вакцинација директно во системот Termini Im. Според распоредот предвиден во планот за вакцинација, по СМС ќе добиете информација за точниот датум, време и место кога треба да се вакцинирате, информираат од Министерството за здравство.
Граѓаните кои припаѓаат на ризичните групи можат да го изразат својот интерес со пополнување на апликацијата на следниот линк: