Започнува проектот за замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки во Струга

Денеска започнува првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки во Струга.

Владиниот проект предвидува инвестиција од околу 90 милиони денари (1,5 милиони евра) во првата фаза, а целта е подобрување на хигиенските услови и заштитата на јавното здравје, преку целосна елиминација на ризикот од азбестните цевки во градскиот водоводен систем.

Според најавите, проектот опфаќа реконструкција на главната улица и 13 краци, во вкупна должина од 6,2 километри, а изведбата треба да трае 12 месеци.