“ЗАПРЕТЕ ЈА ВОЈНАТА, ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА!“ – Александар Лукашенко со остри пораки до Запад и Русија – најавува уште полоши проблеми !?

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, повика на прекин на војната во Украина пред да биде предоцна.

Уште еднаш велам: мораме да престанеме, затоа што ќе се влоши. Можете да видите дека Полјаците веќе се подготвени да го окупираат западниот дел на Украина“, порача белорускиот претседател за време на работната посета на регионот Брест.

Александар Лукашенко тврди дека украинските вооружени сили не можат да ја задржат руската Армија.

Украинците немаат со што да се борат. Дури и да имаа, не би можеле да ја контролираат оваа моќ“, тврди тој.

Затоа, сега треба да престанеме. Во спротивно, никој нема да разговара на оваа тема за неколку месеци, ниту со Украинците, ниту со Западот“, нагласи Александар Лукашенко.

Претходно, Александар Лукашенко постојано велеше дека е важно да се запре конфликтот во Украина што е можно поскоро.

Иако од руска страна постојано се слушаа тврдења дека Полска сака да го „окупира“ западниот дел на Украина, официјална Варшава го демантираше тоа.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, во јануари годинава истакна дека никогаш немало таков план и дека тоа е дезинформација.

Александар ЛукашенкоБелорусијавојнаРусијаУкраина