Александра Пријовиќ инвестира 200.000 евра во нови песни, дознава Информер! Фолк ѕвездата која одржа серија концерти во земјава и регионот и доживеа вртоглав успех по само три студиски албуми, реши да и се оддолжи на публиката со нов, четврти по ред.
Десет нови хитови
– Иако пред само шест месеци го издаде својот трет албум, Александра реши да сними нови. Целиот тим соработници ја советуваше да почека уште малку, да не брза, да не троши пари, но таа нема ни да слуша! Таа е решена на овој начин да и се оддолжи на публиката, која трипати ја исполни Белградската арена, а петпати Загребската Арена – изјави извор близок на пејачката и додаде дека Прија за секоја песна ќе снима високобуџетен спот.
– Новиот албум ќе има десет нови песни, од кои една веќе има објавено. „Последњи кабаре“ веќе стана хит и за две недели има 3,3 милиони прегледи на Јутјуб. Музиката и текстот за таа песна ги напиша сопругот на Прија, Филип Живојиновиќ , а за аранжманот беше задолжен Саша Милошевиќ Маре. На албумот, покрај двајцата, меѓу авторите ќе се најдат и Драган Брајовиќ Браја и Дејан Костиќ.
Се разбира, Филип Живојиновиќ нема да наплаќа за неговите песни , но Прија реши да одвои огромна сума за сите други трошоци. Таа решила да потроши 100.000 евра само за траките и исто толку за спотови, бидејќи не сака ниту една песна да остане незабележана.
– Александра е убедена дека песната со спот живее подолго од онаа што не е екранизирана. Исто така, таа не сака евтина продукција и статични видео клипови, туку планира да ангажира режисери, актери и статисти, како и да снима со филмски камери и на далечни дестинации. За сето тоа е подготвена да издвои цело богатство , но сигурна е дека ќе се исплати повеќекратно – ја заклучува приказната изворот.