Зара продолжува да предизвикува револт: Видеото од маж од Осло е главна тема на социјалните мрежи

На TikTok беше објавено видео кое привлече голем број прегледи и коментари.

Во центарот на Осло, во продавница за облека, може да се забележи човек како влегува и става палестинско знаме и црно-бел шал на манекенот.

Видеото, како што се наведува во описот, е снимено во главниот град на Норвешка, Осло, а според авторот на видеото, мажот наводно е по потекло од Сараево.

Како што можете да видите на видеото, се се случило во популарната Зара која сега се соочува со светски бојкот поради контроверзните фотографии кои ги објави на претставување на новата колекција. На нив манекенките држеле кукли кои наликуваат на тела, а на некои фотографии искинатата тапет наликувала на карта на Палестина.

По бројните критики, Зара ја избриша објавата, а луѓето кои ја поддржуваат Палестина ширум светот повикаа на бојкот на овој бренд. Во една од продавниците на Зара во САД пред неколку дена во продавницата влегле десетина жени обложени со палестински знамиња и црно-бели шалови, а во рацете држеле мали кукли завиткани во бело платно.

@emirapendek2

ovo je Oslo Norveska!!! Nije Sarajevo mladic je iz Sarajeva!!!!!

♬ original sound – emira