Заробен Брод ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Исчезнаа девет РИБАРИ

Преживеаните рекоа дека моторниот простор на бродот брзо се наполнил со вода, а потоа бродот тежок 24 тони се превртел.

Бродови и авиони на јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по девет рибари кои исчезнаа откако нивниот брод се преврте во близина на југозападниот брег на земјата.

По несреќата , која се случи синоќа во близина на островот Дебици, тројца членови на екипажот биле спасени од комерцијален брод, кој се наоѓал во близина, соопшти крајбрежната стража на југозападниот град Мокпо, пренесува Танјуг.

Преживеаните рекоа дека моторниот простор на бродот брзо се наполнил со вода, а потоа бродот тежок 24 тони се превртел.

Министерството за внатрешни работи и безбедност соопшти дека седуммина од исчезнатите се државјани на Јужна Кореја, а останатите двајца се странци, но не ја наведоа нивната националност, пренесува АП.

Денес, повеќе од 30 бродови на крајбрежната стража и најмалку осум авиони се вклучени во потрагата по исчезнатите.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол ги повика властите да ги мобилизираат „сите расположливи ресурси“ за да ја прошират потрагата, како и да дадат поддршка на семејствата на исчезнатите рибари, соопшти неговиот кабинет.