Метеоролозите предвидуваат пеколни горештини до 20 јули, но заладувањето што следи може да биде подраматично отколку што се надеваме.
На социјалните мрежи се споделува мапа на Коперникус на која се прикажува временската прогноза и делови од Европа кои ќе горат до 19 јули.
– Секојдневно паѓаат нови температурни рекорди. Загрижен сум за зоните со низок притисок од Атлантикот – напиша Владимир Николиќ од здружението „Карбон 3“, кој ја сподели картата.
Николиќ споделуи проекција за тоа што не очекува на 21 јули со продорот на воздухот од Атлантикот.
– Во зима, (L) обично мирно, без ветер и многу студено, но во лето кога наидува на топла маса на висок притисок (H) = суперклеточни бури ( силни нагорни струи, тропски дождови и можен голем град ) – вели Николиќ.
Ovako sigurno do 19 jula.
— Vladimir Nikolić (@VladimirZemun) July 11, 2024
Novi rekordi temperatura, padaju svakog dana.
🌡️🥵📈
Brinu me zone niskog pritiska sa Atlantika 👀 pic.twitter.com/2J9pZAalX2
Климатологот Владимир Ѓурѓевиќ го објасни феноменот на топлинска купола, истакнувајќи дека обично овие топли периоди завршуваат нагло.
РХМЗ најави благ пад на температурата во втората половина на следната недела, од 17 јули, но, како што вели, ќе продолжи многу топлото време.
Сепак, метеоролозите истакнуваат дека засега е тешко точно да се прогнозира.