Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека, по прекршувањето на примирјето од страна на Хамас, вчера извршиле воздушни напади и погодиле повеќе од 400 цели во Појасот Газа, вклучително и над 50 во областа Кан Јунис.
Израелските трупи на теренот во северниот дел на Појасот Газа упатија воздушни напади врз голем број цели, вклучително и џамија за која ИДФ тврди дека била користена како оперативен штаб на палестинската терористичка група Исламски Џихад, пишува Times of Israel.
Поморските сили, исто така, ја нападнаа инфраструктурата на Хамас на југ, вклучувајќи ја и поморската опрема што ја користи милитантната организација. Израелската Армија објави и дека голем број терористички ќелии се елиминирани.