Пет ковчези со натпис „Француски војници надвор од Украина“ беа откриени во саботата во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде што беа приведени 3 лица.
Полицијата истражува „можно странско мешање“, пренесува агенцијата Франс прес.
Во саботата наутро, три лица поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници надвор од Украина“, а внатре во тие ковчези имало гипс.
Приведен е возачот на комбето кое ги превезувало ковчезите.
Breaking: French police find 5 coffins near Eiffel Tower covered in The Countries flag with the message “French soldiers in Ukraine.
— Douglas Macgregor (@DougAMacgregor) June 2, 2024
Police in France are investigating ‘possible interference by a foreign power.” pic.twitter.com/TTmeZDRj8S
Тој на полицијата и рекол дека „му биле платени 40 евра за превоз на луѓе и товар“ , велат полициски извори, додавајќи дека тој пристигнал од Бугарија ден претходно.
Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале за патување во Берлин, додаваат истите извори.
Приведени се бугарски, украински и германски државјани, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можното странско мешање“.
Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и изјави дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.