Затвореник од Идризова, кој ја искористил викенд паузата, вчера се обидел да ограби спортска обложувалница во Центар.
Според информациите од МВР, тој вчера околу 17 часот бил фатен од полицијата, додека се работи за 43-годишниот гостиварец Д.С.
„Околу 16 часот и 45 минути со закани се обидел да земе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето се вратило во затвор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.