Разни видови дрога и мобилен телефон биле пронајдени кај затворениците во затворот во Битола, соопшти полицијата од Битола.
На 17.03.2024 година во 20:00 часот во СВР Битола, пријавено е дека при контрола на просторијата во која биле задржани М.Б.(28) од Битола, А.Т.(32) од Прилеп. , А.Ф.(32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола се пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон.,
Полициски службеници од Секторот за илегална трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле проверка и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и по документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.