Осуденичката Анита Стојова од женското одделение на Идризово во ТВ-прилог на Алфа рече дека го убила сопругот со токмак додека спиел, затоа што не знаела што ја чека кога ќе се разбудел.
Тетовчанката вели дека 12 години трпела домашна тортура, а дека во последниве три години се чувствува подобро и побезбедно иако е во затвор.
42-годишната вели дека ниту една институција не преземала ништо во врска со нејзиниот случај иако пријавувала.
Таа првостепено била осудена на 5 години, но откако обвинителството се пожалило за казната и тврди дека таа со умисла го убила сопругот, Апелација ја досудува на 8 години затвор.