Гласачките места низ Турција се затворени во 16 часот по средноевропско време.
Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган , кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдаролу.
Дополнителни 47.523 гласачи
Во вториот круг од изборите право на глас имаа дополнителни 47.523 гласачи, кои во меѓувреме наполнија 18 години.
Во првиот круг од изборите одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдаролу собра 44,89 отсто од гласовите.