Се стравува дека неколку ученици се затрупани под урнатините откако се урна дел од училиште во Романија во градот Одорхеи Секујск!
Медиумите јавуваат дека ѕидот на интернатот се урнал и дека четворица ученици останале заробени под купот урнатини. Пожарникарите се на терен и бараат преживеани.
Досега, спасувачите извлекоа тројца ученици додека лекарите се борат за животот на едно повредено лице.
– До овој момент извлечени се три лица, едното е свесно, второто полусвесно, а третото во тешка состојба. Тие се пренесени во општинската болница. Децата се на 16 и 17 години – велат од спасувачката служба.
Локалните медиуми јавуваат дека дел од училиштето од 200 квадратни метри се урнал.
Портпаролот на советот на општината Зорга Ноеми наведува дека неодамна во дворот на интернатот се вршеле работи за приклучување на објектот со канализациона мрежа и оти можеби влијаеле на градбата.