Корупцијата, селективната правда, немањето правна држава, се ракот на општеството кое сака да биде демократско и е во чекор со западноевропските земји. Но, како да се постигне нулта корупција и еднаква правда за сите. Еден од начините е проверка на судиите, но и на политичарите.
„Јас често велам, ветингот нека почне и од мене, поточно од 90-тите за да може конечно државата да се исчисти од сите оние кои присвоиле капитал и потоа го злоупотребиле тој капитал за да влијаат на одредени сфери. Судството е многу горчлива тема, мора да ги следиме и препораките на евалуациската мисија, за начинот на избор на членовите на Судскиот совет, за изборот и одговорноста на судиите“, изјави Моника Зајкова, коалицијата за Европска иднина,
Но, според Димитриеска-Кочоскас, во Македонија веќе постои механизам со кој може да се контролира потеклото на имотот на функционерите и судиите.
„Додека чекаме да се реформира судството, или да се подобри, имаме на располагање друг механизам според друг закон. Ова е законот кој е под ингеренции на УЈП и вели дека УЈП има право да ги контролира граѓаните на Македонија, да го контролира потеклото на имотот. Во таква ситуација, се прашувам зошто досегаУЈП не го провери потеклото на имотот на функционери, судии, јавни обвинители, сопственици на фирми кои работат со големи тендери во државата и да видиме дали бројките се поклопуваат овде“, – тврди Гордана Димитриеска Кочоска,
Но, кој е виновен за ваквата состојба, СДСМ и ДУИ кои се на власт последниве 7 години или ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои претходно беа на власт 11 години?
„Владата мора да одговори како сега се амнестираат најголемите криминалци, чисти, само Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска се тие што имаат проблеми а тие се тие што немаат, додека другите што имаат хотели во центарот на Скопје, не Ништо не се виновни“, нагласи Гордана Димитриеска Кочоска, од коалиција „Твоја Македонија“.
„Наследивме правосуден систем кој го диктираат Михајло и Филимена Маневска и мислам дека добро знаете како завршија тие настани во судската сфера“, рече Моника Зајкова, коалиција „За европска иднина“.