– Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, кој е на позајмица во Брајтон, би можел кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Според „Sport.es“, саудиските клубови веќе ги одржале првите преговори со застапниците на 20-годишниот Шпанец.
Сепак, самиот фудбалер сè уште не е расположен за заминување од Европа.
Фати сезонава настапи на 10 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол.