За Бела Хадид нема зима: Манекенката позираше на снег во бикини и каубојски чизми

Бела Хадид денеска на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои позира на снегот облечена само во бикини.

Како што наведува во објава на Инстаграм, фотографиите се направени на 1 јануари годинава. Имено, 28-годишната манекенка на овој начин сакала да рекламира свилена марама од својата колекција.

„Облечете се во природа и љубов, каде и да талкате оваа зима. Хидратантни мириси и свилени ткаенини за вашата замрзната кожа“, изјави манекенката.

За таа прилика се одлучи за црвено бикини и пар каубојски чизми, но покрај новата содржина сакаше да сподели и нова промоција на страницата на нејзиниот бренд Оребела. Свилениот шал одреден период ќе биде бесплатен и достапен со секое купување на нејзините парфеми.

“Ги ставив на мојата чанта, околу вратот, преку појасот. Опседната сум со нив. Се надевам дека ќе ги сакате исто како и јас. Ова е едно од моите омилени специјални парчиња што ги направивме.” Бела рече за нејзината колекција свилени марами.

Потсетуваме дека на крајот на септември Хадид се врати на модната писта за прв пат по две години за време на модната недела во Париз. Таа беше една од моделите на ревијата на Сен Лоран, каде беше претставена женската колекција за пролет-лето 2025 година. После тоа, таа се појави на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк и како специјален гостин на повторното отворање на бутикот Chopard во Дубаи.