Министерството за внатрешни работи соопштува дека 21-годишен маж го загубил животот при изведување градежни работи во Гевгелија.
„На 03.12.2024 година во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека при изведување градежни работи во објект во изградба на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија, паднал и се здобил со тешки телесни повреди Б.Б.(21) од с.Орашац, кумановско. .
Тој бил пренесен во болницата Гевгелија, од каде поради тежината на повредите бил пренесен во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а на местото на инцидентот вештачење извршиле инспектор од Државниот инспекторат за труд, велат од МВР.