Брачен пар кој ловил жолтоперка туна во близина на брегот на Венеција, Луизијана, снимил прилично страшна глетка.
За време на риболовот морето “зовре”, а околу чамецот се појавија повеќе од 50 ајкули. Сцената е снимена од Дилон Меј од Џексонвил, Флорида и објавена на профилот TikTok на неговата девојка Кејтлин Дикс.
Клипот собра повеќе од милион прегледи, а се прошири и на другите социјални мрежи.
Сцената на ум ми донесе феномен наречен “зовриена туна” и се случува кога рибите се хранат толку брзо и агресивно што изгледа дека морето врие. Меѓутоа, овој пат причината не била туната, туку десетици ајкули кои ги нападнале и изеле овие риби, додека споменатиот пар гледал се.
Некои ајкули удирале во чамецот кој видно се нишал. Парот на крајот успеал да се извлече.