Без разлика на големината и обликот на вашите гради, треба да се држите до овие работи, советува пластичен хирург.
Градите од сите облици и големини го имаат истиот проблем – гравитацијата. Но, влијанието на гравитацијата може да се намали доколку навреме почнете да размислувате за вашиот животен стил и престанете со лошите навики кои лошо влијаат на изгледот и положбата на градите.
– Со возраста, женските гради потешко се спротивставуваат на гравитацијата. Кожата станува потенка и ја губи својата природна еластичност. Но, годините не се единствениот непријател на убавите гради. Бременоста, дебелината, наглото слабеење и многу други фактори можат да влијаат на опуштеноста на градите, без разлика на гените кои жените ги наследуваат од родителите – изјави пластичниот хирург Дирк Кремер и наведе што сето тоа негативно влијае на изгледот на градите.
** Лоши навики кои треба да ги избегнувате
1. Спиење на стомак
Д-р Кремер вели дека спиењето на стомак е најлошата положба за женските гради, бидејќи во оваа положба тие со часови се притиснати на душекот. Напоменува дека не е добро ниту да спиете на колк, бидејќи во таа положба лигаментите се напрегаат и со текот на времето сврзните ткива се опуштаат, а градите се повеќе висат.
2. Повторување на вежби со висок интензитет
Тој признава дека сè уште не е сигурно дека повторливите движења од вежбање со висок интензитет, како што се трчање, скокање или крцкање, може да доведат до намалено производство на колаген во градите. Но, постои голема можност за тоа.
3. Постојано носење градник
– Според истражувањето спроведено во Франција, поддршката што ја добиваат градите од градникот всушност ги ослабува мускулите на градите – објаснува д-р Кремер.
4. Сончање без крема со заштитен фактор
УВ зраците на кожата на лицето делуваат исто како и на кожата на градите. Изложувањето на градите на сонце без заштита го намалува количеството на колаген и ја оштетува кожата.
5. Брза диета
Жените кои се одлучуваат за драматична диета и наеднаш го намалуваат внесот на калории често и брзо ги враќаат тие килограми и добиваат уште неколку килограми над таа почетна тежина, а тоа многу лошо влијае на градите.
– Секогаш кога ќе се здебелите или слабеете, сврзното ткиво во градите се опушта и станува потешко да си ја врши работата. Тоа е како стари хеланки – објаснува докторката.
6. Пушење
Инаку лоша навика, пушењето го намалува протокот на крв во кожата. Со помалку крв, помала еластичност на кожата.
**Навики благодарение на кои градите ќе продолжат да изгледаат добро
1. Носење на тесен градник
– Најдобрата алтернатива на пластичната хирургија е носење градник кој одговара на вашите гради. Носењето погрешен број на градници може да го промени изгледот на вашите гради, особено ако градникот не дава доволно поддршка. Тогаш градите може да изгледаат овенати – вели докторот.
2. Вежби за мускулите на градите
Вежбите насочени кон зајакнување на пекторалните мускули можат да влијаат и на зајакнувањето на сврзното ткиво во градите, пишува British Glamour.