Режисерот и актер Радош Бајиќ ја објави тажната прилика. За два дена изгубил двајца колеги.
– Вознемирен сум, збунет и многу тажен. Што ни се случува? За два дена, две заминувања, две огромни загуби, две смртни случаи – драги, големи и неповторливи луѓе. Вчера, замина грандиозниот Лауш, денеска замина величествениот Мето Јовановски . Да не работев со нив толку напорно, со целосна верба, во занесот на заедничкото создавање, со Мето во „Село гори…“ и со Жарко во „Халиард“, верувам дека денес ќе ми беше полесно. Вака ја препознавам длабочината на загубата, со сигурност знам колку биле одлични актери и луѓе, па тешко ми е да сфатам, разберам и да се помирам со фактот дека веќе ги нема – изјави Бајиќ за Блиц.
– Рака под рака Жарко и драг Мето, патувајте и најдете го местото во небесното царство што го заработивте со своите дела, хуманост и добрина – рече Радош Бајиќ.
Познатиот македонски и југословенски актер Мето Јовановски, почина денеска.
Најважните улоги ги играше во филмовите „Пред дождот“, „Преживеани“ и во филмот „Тетовирање“.
Првата филмска улога ја имаше во 1971 година, кога добил улога во филмот „Македонски дел од пеколот“, каде играше партизан.